СДСМ: Милошоски фатен во нова лага, Мицкоски не успеа да го сокрие

7

За овој голем домашен, но и меѓународен срам, Милошоски, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните, реагираше СДСМ преку соопштение.

„Според информации, но и документи објавени јавно во повеќе медиуми, судот во градот Ахен пресудил дека Милошоски сторил кривично дело и затоа бил осуден и казнет. Сега Милошоски е фатен во нова лага. За овој голем домашен, но и меѓународен срам, тој, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните. Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот“, се вели во соопштението.