СДСМ: Наскоро ќе се види дека ние имаме мнозинство!

152

Ваквите навестувања од СДСМ следат по синоќешната „бура во чаша вода“, што ја предизвикаа медиумски информации.

Додека се вртат шпекулации дека „е готова владата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, висок функционер на СДСМ за ДВ тврди дека „нивната коалиција има обезбедено мнозинство што ќе ја формира на новата влада“.

„Тоа ќе се потврди во следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот. СДСМ има обезбедено мнозинство за составување влада“, тврди нашиот соговорник, но во интерес на процесот не даде детали за партнерите на Коалицијата „Можеме“.

Ваквите навестувања од СДСМ следат по синоќешната „бура во чаша вода“, што ја предизвикаа медиумски информации.

„Има договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ – нема договор“. Меѓу овие два екстрема флуктуираа вчерашните шпекулации, кои започнаа со објавата на порталот „Лајм“, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализираат договорот за формирање нова Влада. Повикувајќи се на партиски извори, „Лајм“ објави на Христијан Мицкоски му останало уште да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада што ќе ја предводи премиер Албанец.

Партиски извори за „Лајм“ тврделе дека Ахмети и Мицкоски се согласиле премиер да биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и како Албанец и како Македонец, со што ДУИ ќе имала образложение дека го реализирала главното барање во кампањата, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ немало да има револт.