СДСМ: Очекуваме сите пратеници да поддржат воведување на кривичните дела демнење и сексуално вознемирување

6

Нема да дозволиме ниту една форма на насилство да остане неказнета, следува воведување на две нови кривични дела, силување и сексуално вознемирување, велат од владејачкиот СДСМ откако вчера се одржа протестен марш на кој граѓани го изразија револтот од случајот „Јавна соба“.

Измените веќе ги најави министерот за правда, Бојан Маричиќ, а тие според информациите кои ги споделуваат социјалдемократите, веќе се подготвуваат.

„По разгледување на предлог измените и дополнувањата, очекуваме конструктивна дебата и поддршка од сите пратеници за усвојување на новиот Кривичен законик. Само на овој начин ќе спречиме нови ’Јавни соби‘, само на тој начин ќе обесхрабриме нови насилства и посегнување по личните слободи на граѓанките и граѓаните. Не смееме и нема да дозволиме ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да останат неказнети“, велат од СДСМ.

Од партијата апелираат и до обвинителството и до судот да постапуваат брзо во случајот со „Јавна соба“, но и со сите други случаи на физичко и сексуално насилство.

Демонстрантите побараа сите членови на „Јавна соба“ да добијат соодветни казни и да се донесат

Измени во Кривичниот закон со кои ќе се регулира сексуалното вознемирување вчера побараа и демонстрантите кои излегоа на протестот.