СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

58

Посветени сме на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи операцијата што е неопходен за развојот на државата. Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање, се вели во соопштението на СДСМ.

– Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари. Неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади како и на дополнувањата на Деловникот, на измените на Законот за здравствена заштита, на Законот за внатрешни работи. Едноставно опозицијата блокира сè што е во интерес на граѓаните и државата, се наведува во дописот на владеачката партија.

Нашата држава, како што истакнуваат социјалдемократите, е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години.

– Релевантни и точни статистички податоци за нашето население се неопходни на граѓаните, на институциите, на бизнисот и на науката, неопходни се за развојот и растот на економијата. Попис ќе има напролет, порачуваат од СДСМ.