СДСМ: Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција

4

Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите. Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната за овој случај, соопшти СДСМ.

„Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите. Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.