СДСМ: Секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата

3

СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните, велат од владејачката партија СДСМ.

-Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари. Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци- стои во соопштението на СДСМ.

Правда во државата има и ќе има, потенцираат оттаму, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, велат оттаму, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните.