СДСМ: Создаваме нова Влада ослободена од национализам

6

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопштија од партијата. Новто парламентарно мнозинство и новата Влада, велат, ќе биде ослободено од секаков вид на национализам.

-На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите. Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.