СДСМ: Четвриот пакет антикризни мерки ќе обезбеди уште поголема поддршка на стопанството

16

Стотици илјади работни места се спасени, обезбедена е помош за десетици илјади компании, благодарение на ефикасните и навремени мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ за справување со економските последици од пандемијата со коронавирусот, која го зафати целиот свет, соопшти СДСМ.

„Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Спасени се 120.000 реални работни места во нашата економија, обезбедена е егзистенција за 120.000 семејства.

Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Тие се поддржани со над четири милиони евра во април, мај и јуни годинава.

Во фокусот се граѓаните и економијата. Токму затоа го подготвуваме четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди уште поголема поддршка на работниците и компаниите“, најавува СДСМ.