СДСМ: Ќе ја водиме владата и ќе обезбедиме правда

44

Новата Влада, што ќе ја предводи СДСМ, има план за реформи во правосудниот систем, за правда и одговорност за сите. Тоа е еден од најважните приоритети на кој интензивно ќе се работи уште од првите денови, порача утрово СДСМ преку соопштение.

-Поддршката од граѓаните за СДСМ значи продолжување по патот на напредокот, интеграциите, демократијата, правдата, владеењето на правото.Истовремено преку конкретни мерки обезбедуваме силна и стабилна економија, за подобар животен стандард и повисоки плати.Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој.Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија.Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ, најавуваат од СДСМ.