Северина го изгуби старателството над синот

60

Пејачката Северина (47) и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ (54) требаше да се сретнат денес во Градскиот суд во Загреб, но поранешните партнери не се појавија. Во правна битка околу грижата за својот син, Северина го загуби спорот со Милан.

„Ние сме задоволни од пресудата иако не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се држи до привремената мерка“, рекол адвокатот на Милан. Како што пишуваат хрватските медиуми, мерката стапува на сила веднаш. Северина ќе го гледа својот син двапати неделно попладне и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

Судијката Теа Голуб ја донела привремената мерка и во пресудата одлучила дека детето ќе живее со таткото и дека тој ќе се грижи за здравјето и образованието на детето. Судијката не кажала на која адреса ќе живее момчето.

Застапниците на Северина ќе се обидат да ја оспорат оваа одлука, бидејќи тие поднеле кривични пријави против Поповиќ за кршење на правата на детето.

Веста ја шокираше Северина, која одвај можела да зборува откако дознала дека момчето оди кај неговиот татко, пишува „Јутарњи лист“.

„Не знам што да ти кажам. Јас не го очекував ова, бидејќи е направен преседан во постапката“, рекла низ солзи пејачката, пишува „Јутарњи лист“.