Северина по 17 години проговори за секс-снимката од јахтата: Шест месеци не излегов од дома

27

Хрватската пејачка Северина Којиќ, која е позната по тоа дека не дава често интервјуа, сепак, одлучи тоа да го направи за списанието „Недељник“

Северина зборувала за теми за кои претходно не зборувала.

Пејачката проговорила и за познатото секс-видео на јахтата со тогашниот партнер Милан Лучиќ, а кое во 2004 година протече во јавноста.

„Никогаш не барав мојата интима да излезе во јавност. Тоа беше голем шок. Потоа дадов две интервјуа по повод тоа, и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Во рокот на службата. Но ете, тоа беше забава, за некои дури и ден-денес. Па, кога немаат што да ми кажат, тогаш ми го спомнуваат тоа несреќно видео од бродот“, вели Северина во интервјуто.

– Но, тогаш шест месеци не излегов од дома. Прво беше тагување, а потоа осуда дека тоа сама сум го дала поради популарност – додала Северина.

Пејачката рекла дека нејзините пријатели и мајка своевремено ѝ давале поддршка:

– Мајка ми беше најпрецизната, таа рече: „Ајде ќерко, ќе се смееме на тоа еден ден“. И денес се смееме – рекла Северина.