Северна Кореја повторно провоцира, испалени 3 ракети од Пјонгјанг

15

Владата во Сеул објави и дека развила план во случај Пјонгјанг да изврши нуклеарна проба.

Три балистички ракети полетаа од Северна Кореја, соопшти јужнокорејската армија во средата наутро. Лансирањето дојде откако САД, Јапонија, Индија и Австралија, таканаречените земји членки na „Квад“, ја осудија ракетната програма на Северна Кореја, пренеsuvaaт агенциите.

Првата ракета била истрелана кон водите во близина на источниот брег на Северна Кореја, соопшти заедничкиот штаб на Јужна Кореја околу 6 часот по локално време. Јапонската крајбрежна стража потврди дека е лансиран неидентификуван тип проектил.

Меѓутоа, во рок од еден час, Сеул објави „дополнителни лансирања на непознати балистички ракети на север и на исток“, според новинската агенција Јонхап. Јужнокорејската армија подоцна објави дека вкупно три ракети биле лансирани помеѓу 6 часот и 6:42 часот од областа Сунан во Пјонгјанг.

Ова е 17. ракетно тестирање на Пјонгјанг досега оваа година, а се случи во моментот кога американскиот претседател Џо Бајден ја напушти Јапонија и се врати во Вашингтон, по петдневното патување во Азија. Пред заминувањето, Бајден и неговите колеги од „Квад“ издадоа заедничка изјава за нивната улога во иднината на регионот, кој САД го нарекоа Индо-Пацифик.

„Ја потврдуваме нашата посветеност за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации“, се вели во изјавата потпишана од Бајден, јапонскиот премиер Фумио Кишида, индискиот премиер Нарендра Моди и новоизбраниот австралиски премиер Ентони Албанезе.

„Исто така, го осудуваме дестабилизирачкиот развој и лансирањето на севернокорејските балистички ракети, вклучително и повеќекратните тестови на интерконтинентални балистички ракети, што е кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и ја повикуваме меѓународната заедница целосно да ги спроведе овие резолуции. Ја повикуваме Северна Кореја да ОН треба да се воздржат од провокации и да се вклучат во суштински дијалог“, додаваат од Квад.

Белата куќа предупреди дека Северна Кореја би можела да изврши ракетна проба за време или по посетата на Бајден на регионот. Владата во Сеул објави и дека развила план во случај Пјонгјанг да изврши нуклеарна проба. Северна Кореја моментално се соочува со круна епидемија, а војската е донесена за да помогне во решавањето на ситуацијата.