Седница на Централното претседателство на ДУИ

8

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното Претседателство на партијата која што ќе се оддржи денеска, со почеток во 15:00 часот во партиското седиште во Тетово.

Како што информираат од партијата, на седницата треба да се утврдат предлозите за делегати на четвртиот изборен конгрес на ДУИ како и членовите на идните партиски тела, но и програмски определби и статутарни промени.

Неодамна премиерот Зоран Заев ја критикуваше ДУИ како коалиционен партнер поради илјадниците амандмани поднесени по однос на изборните промени.

Прашан дали е можна нова коалиција, Заев само рече дека ќе има сериозни размислувања.