Седумдесет заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија, на кој има и македонски државјани

9

Шест нови случаи на заболени од коронавирус се пријавени денеска меѓу патниците на крузерот „Дајамонд принцес“ закотвен крај јапонскиот град Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 70, пренесува АП.

Крузерот со речиси 3.700 патници, меѓу кои и тројца македонски државјани, се наоѓа во двонеделен карантин на пристаништето. Според последните информации, ниеден од македонските државјани не е заразен од коронавирусот, но тие, како и останатите патници, остануваат во карантин.

Крузерот ја напуштил Јокохама на 20 јануари, а се вратил на 3 февруари од кога е во карантин.

Меѓу патниците бил и кинески државјанин заразен со коронавирус, кој на 25 јануари се симнал во Хонгконг.

Јапонските власти решија да го стават бродот во двонеделен карантин, за да се спроведеат медицински тестови над сите патници.