Седуммина загинати во земјотресот во Хрватска, утрово нова серија потреси

14

Седум лица загинаа во вчерашниот голем земјотрес од 6,2 степена по Рихтер во Петриња, Хрватска, а утринава од 6.15 до 6.30 часот во епицентралното подрачје имаше серија од три послаби потреси, од 3,9 до 4,8 степени. Од земјотресот материјалната штета е голема, во Петриња нема неоштетена куќа.

Хрватската Сеизмолошка служба вели дека поради јачината на вчерашниот земјотрес, тлото ќе се тресе уште неколку дена, и дека низата слаби потреси ќе има влијание и врз веќе оштетените објекти во Петриња.

Спасувачките екипи ноќеска поминале низ 84 села во околината и велат дека никаде нема луѓе заробени под урнатините.

Mеѓу загинатите се 13-годишно девојче во Петриња, и шестмина во Мајски Полјани кај Глина.