Седум мртви во Индија во протестите поради посетата на Трамп (ВИДЕО)

4

Седум лица се убиени во Делхи за време на протестите против новиот индиски контроверзен закон за државјанство, само неколку часа по пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во таа земја.

Загинале шест цивили и еден полицаец, јавува Би-би-си.

Новиот бран насилства во областите со муслиманско мнозинство на североистокот на Делхи почна во неделата и продолжи во понеделникот. Ова е првпат припадник на безбедносните сили да биде убиен во немирите што се раширија низ Индија, а кои избија на крајот на минатата година.