Сеизмолошката опсерваторија измери јачина од 3,5 степени, Гаревски не очекува афтершокови по земјотресот

9

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени, Михаил Гаревски кој секогаш е достапен за коментар за речиси секој земјотрес, во изјава за Фокус вели дека иако е тешко да се прогнозираат земјотресите, сепак вели дека не треба да очекуваат афтершокови по попладневниот земјотрес со епицентар, на осум километри од Скопје.

-Најчесто никој не ги прогнозира земјотреси, но јас сметам дека не треба да се очекуваат афтершокови бидејќи земјотресот беше многу слаб, вели Гаревски.

– Advertisements –

Тој не очекува ниту посилен земјотрес како оној што се случи во Скопје во 2016 година со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево во 14.09 часот бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени.

Според нивните податоци, земјотресот најсилно бил почувствуван од граѓаните во Скопје со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција пак првично објави дека земјотресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтер, потоа ја смени јачината на 3,9 степени, за потоа да ја врати на 3,4 степени, според Рихтер.

Според Американската агенција за геолошки истражувања, јачината е 3,9 степени, а епицентарот на земјотресот е еден километар западно од скопско Јурумлери.

0