Секогаш кога Барса и Баерн играат во нокаут-фазата, некој од нив станува европски шампион!

28

Барселона и Баерн Минхен ќе биде еден од најинтересните дуели во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Големиот судир ќе се одвива во Лисабон на неутрален терен в петок во 21 часот. Петкратните европски шампиони се стари познаници во ова натпреварување и честопати имаат меѓусебни пресметки.

Сепак, историјата има и една интересна страна. Имено, секогаш кога во нокаут-фазата се нашле овие два гиганти еден против друг, оној кој ќе минел понатаму секогаш станувал европски шампион. Дали и оваа година историјата ќе се повтори, останува да почекаме.

Барса и Баерн последен пат се сретнаа во полуфиналето во 2015 година. Тогаш Каталонците славеа по 3:0 на „Камп Ноу“, додека на „Алијанц Арената“ обезбедија победа од 3:2. Две години претходно, Баварците ги поразија Лео Меси и компанијата, чекор пред финалето со вкупен резултат 7:0.

Во 2015-тата Барселона го крена шампионскиот пехар од ЛШ, две години претходно европскиот врв беше за Баерн (М).