Села до Заев и Мицкоски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

62

Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада, изјави синоќа во Струга Зијадин Села, претседатател на Алијанса за Албанците, партија која е дел од коалицијата „Сега е време“.

Села ова го изјави одговарајќи на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.