Села: ДУИ слави, ама ние ќе победиме и ќе преговараме за влада

26

Гледам дека ДУИ слават,  ние уште собираме резултати, но очекуваме дека нашата коалиција ќе биде подбедничка, изјави лидерот на Алијасата за Албанците Зијадин Села.

 

– Победуваме убедливо во Шестката почнувајќи од Гостивар, Неготино-Врапчиште, Боговиње, изедначен е резултатот во Теарце. Во Втората изборна единица водиме. Во Арачиново убедливо водиме , како и во Куманово. Нашите очекувања се дека ќе победиме – изјави Села и најави дека по победата ќе влезат во преговори за формирање на новата влада.