Сенката на Албин Курти во ликот на Села!

37

Можеби ќе се најде еден Курти од Струга, Тетово, Скопје или Куманово, но треба да истакнаме дека немаме движење како што е “Самоопределување!” (Vetëvendosje!)

Од Дестан ЈОНУЗИ

По 7-ми октомври, ден по парламентарните изборите во Косово, еуфориjaта од тамошната победа на опозицијата се пренесе и меѓу активистите на албанската опозиција во Македонија. Победата на центар-социјалистот Албин Курти охрабри многу активисти и политички ментори во Македонија, за да го најдат ликот на Курти во албанските опозициони лидери. Но, дали го има тој лик! Кој е тој? На социjaлните мрежи активисти на Алијансата на Села, Движењето БЕСА, па дури АЛТЕРНАТИВА, почнаа тој лик да го бараат меѓу нивните редови, лик кој ќе му се спротистави на крилото на Националното Движење на Албанците и ОВК која сега е претворено во политичката партија ДУИ.

И сето ова на прв поглед се гледа како прашање за еден милион долари. Иако можеби ќе се најде еден Курти од Струга, Тетово, Скопје или Куманово, но треба да истакнаме дека немаме движење како што е “Самоопределување!” (Vetëvendosje!). Но ефектот е спродивен на желбите. За волја на вистината ако продолжат вака, битката да ја водат само на социјалните мрежи, може да се претворат само во ликот на Фатмир Лимај и Милаим Зека. Додека за да се победи Али Ахмети не доволна победата на Курти во Косово.

Од друга страна, Македонија ги има како услов Изборните Реформи во патот кон ЕУ, а Косово изведува избори кои се оценети како модел за регионот, опозиционерите се во потрага на ликот на Курти во градовите и селата. Сепак, „земјотресот” во гласачките кутии во Косово, бил завидувачки за политичките лидери во Скопје, предизвика нервоза во Белград и љубопитност во Брисел, додека албанските опозиционери во Македонија гледаат да извлечат популарност и кришка од пировата победа на Курти, на нивна сметка со цел во идните избори да се повикат на тој дух за да го урнат ДУИ и Али Ахмети од долгодишното владење.