Серија А му испрати порака на Пиоли за украдениот шампионски медал (Фото)

1

Огромната прослава на навивачите на Милан донесе екстаза на теренот во Сасуоло, бидејќи сигурната победа од 0:3 значеше нова шампионска титула за „росонерите“, односно 19-то Скудето во клупската историја.

Милан не влегуваше во ниту една математика во битката за титулата на стартот на сезоната и многумина прогнозираа дека битката ќе ја водат Јувентус на Алегри и Интер на Инѕаги, но Стефано Пиоли направи навистина извонредна работа со овој млад тим на Милан, во кој до израз дојдоа и искусни фудбалери како Ибрахимовиќ и Жиру.

По пауза од 11 години, Милан повторно се радува на една титула во домашното првенство, но за време на прославата, најодговорниот за успехот остана без својот медал.

На Пиоли му го украле победничкиот медал, бара помош: Ќе бидам благодарен…

Тренерот Пиоли се пожали дека некој му го украл златниот медал за време на шампионската прослава, но брзо доаѓа смирување и Серија А му најави дека ќе му даде нов.

– Господине Пиоли, ќе добиете нов медал, – гласи пораката на Серија А.