Сертификат за примена вакцина ќе биде задолжителен во Грција и за влез во кафулиња и ноќни клубови на отворено

9

Грчката влада денеска објави дека сертификат за примена вакцина или прележан ковид-19 ќе биде потребен и за влез во објекти за забава на отворено, како кафулиња и ноќни клубови.

Грција денеска воведе нови правила, соочена со нов бран на инфекции на коронавирус откако вчера беа регистрирани 2.794 случаи на ковид-19 и шест починати.

Покрај сертификатот, грчката влада одлучи капацитетот на кафулињата и ноќните клубови да бидат ограничен на 85 отсто и да биде дозволено само седење.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот рече дека се воведува задолжителна вакцинација во Грција за здравствените работници и персоналот во старечките домови, а влез во затворени простори ќе биде дозволен само за вакцинирани муштерии.