Се бара казна од 2 000 евра за жена која допатувала од Швајцарија и не седела во изолација

19

Жена, која на 18 март допатувала во земјава од Швајцарија, не ја почитувала мерката за самоизолација поради што обвинителството во Охрид бара судот да ѝ изрече казна од 2 000 евра.

Кога таа на 18 март авионски пристигнала во Македонија, потпишала изјава дека ќе биде во самоизолација 14 дена, меѓутоа два дена подоцна, кога полицијата отишла да ја провери, жената не била на адресата каде што пријавила дека престојува.