Се водат борби околу владината зграда во Киев, вели АП (ВИДЕО)

10

На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев, а Асошиејтед прес јави дека се слушаат покотници во областа на владината зграда.

Според Би-би-си, ова е во киевската област Оболон.

Асошиејтед прес јави дека се слушаат пукотници околу владината зграда во украинската престолнина.

 

Украинските власти ги повикaa луѓето да не објавуваат снимки и да ги прекинат сите преноси во живо. Ова, велат тие, ќе им оневозможи на Русите да добијат информации.

„Не му помагајте на непријателот да добива информации за нашата армија“, соопшти украинската армија.

Украинските власти рекоа дека Русија го користи аеродромот Голем во Белорусија за нападите врз Киев.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на сведоци, дека силни експлозии се слушнале во близина на Харков во источна Украина.