СЕ ВРАЌААТ ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ: Ни пристигнува портокалова фаза

0

Растат температурите на термометарот. УХМР најавува 37 степени денеска а од утре земјава ќе биде под портокалова фаза.

Тоа значи дека се враќаат тропските горештини и температурите над 40 степени.

Во Скопје денес ќе биде сончево и топло со максимални дневни темератури до 34 степени.

Најтопло според метеоролозите ќе биде утре, четврток кога ширум државата на места температурите ќе се искачат над 40 степени.

Горештината ќе заврши кон крајот на денот в петок кога од ноќта ќе почне нестабилноста која ќе трае и во сабота.