СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Од денес без полициски час-кои предлози ги прифати Владата?

6

Владата синоќа објави дека „полицискиот час“ и ограничувањето на работното време во кафулињата и рестораните ќе бидат укинати вечерва на полноќ.

Во додатокот на соопштението од седницата се вели дека одлуката за престанок на ограничувањето на движењето ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и дека заедно со другите одлуки за укинување на неколку антиковид мерки, таа ќе стапи на сила во 00,00 часот.

Владата на 79-та седница донесе одлука да се укине „полицискиот час“ и ограничувањето на работното време на угостителските објекти на 16 јуни и да се дозволат настаните повторно да се одржуваат на отворено.

Забраната за движење во текот на ноќта беше воведена на 10 март, кога бројот на лица заразени со ковид започна нагло да расте, со цел да се спречи собирањето на младите во кафулињата и ширењето на инфекцијата, а таа беше скратена неколку пати и од 3 мај траеше до 4:00 часот.

Сите антиковид мерки беа укинати по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Македонија.

Со одлука на владата, беше укинато ограничувањето на работата на угостителските објекти (што досега беше една од мерки до 23.30 часот), но тие сепак можат да примаат гости само на отворено.

По препорака на Комисијата за заразни болести, се укинува ограничувањето на работното време на рестораните и кафулињата во хотелите, како и казината и обложувалниците, а казината и автомат клубовите имаат дозвола да служат пијалоци во објектот.

Владата, исто така, дозволи одржување настани на отворено со 50% зафатеност на просторот, но и со ограничување до 1.000 посетители.

Се укинува ограничувањето до 100 гости на свадби, прослави и свечености на отворено простор-летни тераси, со ограничување на максималниот капацитет до 50 проценти од тоа место.

На владината седница беше донесен заклучок за престанок на обврската на угостителскиот објект да ја регистрира прославата што ја организира и да ја пријави во Угостителската комора, која води регистар на свадби, прослави и други свечености

Во согласност со одлуките на владата, беше препорачано да се донесе нов протокол за организирање свадби, прослави и свечености.