Се конституираше новиот собраниски состав, Пендаровски e на ред

22

Со 116 гласа „за” и ниеден „против“ од присутните пратеници, се конституираше новиот собраниски состав.

Претседавачот Талат Џафери им честиташе на колегите пратеници и кажа дека од овој момент, мандатот на претходните, заврши.

Заврши и мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски и на министрите во владата, но тие ќе останат секој на својата должност, на чело со Спасовски, до изборот на новата влада.

Шефот на државата Стево Пендаровски во рок од 10 дена треба да се консултира со партиите, да види која има обезбедено парламентарно мнозинство и да го даде мандатот за формирање нова влада.