Се крчкаат смени на началници во МВР

7

До крајот на неделава министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев ќе го искористи правото од членот 44 во Законот за Владата, кој му овозможува „да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во министерството, во согласност со закон”.

Речиси е извесно дека нови началници ќе добијат осумте сектори за внатрешни работи во земјата (Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Велес, Струмица), но и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, новата интервентна единица на полицијата…

Според истиот член од Законот, покрај овие смени „министерот за внатрешни работи може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10% од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година”.