Се намалува бројот на приврзаници за независност на Каталонија

7

Идејата за самостојност на Каталонија ја поддржуваат 41,9 проценти од жителите на оваа шпанска покраина, а против се 48,8%, покажуваат најновите анкети на каталонската државна институција за истражување на јавното мислење.

Анкетата е спроведена во периодот од 16 септември до 7 октомври, пред донесувањето на пресудата за каталонските сепаратисти, а испитаниците биле запрашани – Дали сакате Каталонија да биде независна држава?