Се огласи агентот: Елмас останува во Наполи до…

42

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас привлече интерес на многу големи европски клубови.

Елмас не добива голема минутажа кај тренерот Џенаро Гатузо, па италијанските медиуми шпекулираа дека ќе си замине во јануари. Интерес за неговиот потпис покажуваат Бенфика, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.

Сега се огласи и менаџерот на Елмас и потврди дека Македонецот сигурно останува во Наполи до крајот на сезоната.

„Елмас сака да ја заврши сезоната во Наполи, не сака да си замине, а во јуни ќе се сконцентрира на Европското првенство со Македонија, која ќе дебитира“, изјави менаџерот.