Се отвораат кината и театрите, ќе работат по протоколи за организирање настани

17

Владата на вчерашната седница донесе одлука за оотворање на културните институции во согласност со протоколот за организирање настани.

„Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести во согласност со што за овие дејности ќе важи веќе донесениот протокол за организирање настани”, соопшти владината прес-служба.