Се пребројуваат последите гласови по претседателските избори во САД

14

Се пребројуваат последите гласови, Бајден најави победа, штабот на Трамп апелира да се донираат пари.

Америка веќе четири дена живее во неизвесност кој е епилогот од претседателските избори.Во сите клучни сојузни држави води кандодатот на Демократите Џо Бајден, но актуелниот претседател Доналд Трамп воопшто не е загрижен поради тоа.

Пребројувањето на гласовите е се поблиску до крајот, Џо Бајден веќе најавува победа, а штабот на Доналд Трамп упати апел да се донираат средства.

Американската тајна служба го засилува обезбедувањето околу Џо Бајден, упатени се дополнителни сили во Вилмингтон во Далавер со цел да се заштите безбедносниот прстен околу кандидатот на демократите пред објавувањето на конечните резулати.