Се судрија пет возила, затворен автопатот Велес-Скопје

7

Поради сообраќајна несреќа автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

„На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај“, пишува во информацијата од АМСМ.

Од МВР кусо изјавуваат дека пред нешто повеќе од еден час било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила.

На терен излегле екипи од СВР Велес, се чекаат информации од местото на настанот. Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата.