СЗО бара ново име за мајмунските сипаници

12

Светската здравствена организација најави дека ќе ги преименува мајмунските сипаници затоа што смета дека тоа име се врши стигматизација.

Теодор Аданос Гебрејесус од СЗО истакна дека организацијата заедно со партнерите и експертите од целиот свет работи на тоа да се смени името на мајмунските сипаници а наскоро ќе биде и соопштено новото име со кое ќе се именува овојв вирус, пренесува Танјуг.

Група научници од Африка состави документ со кој укажа дека постои итна потреба да се продајде име кое не е дискриминирачко. Научниците сметаат дека именувањето на мајмунскиот вирус во „афрички вирус“ е исто така неприкладно и веќе го користат поимот„хМПХВ“.

Според правилата на СЗО, вирусите не би требало да се нарекуваат според географски региони или животни. Барањето за преименувањето на мајмунските сипаници наликува на преиминувањето на корона вирусот кој на почетокот кога се појави беше нарекуван Вухан вирус, по името на кинескиот град каде што се појави епидемијата.

Мајмуските сипаници го добиле името го добиле во 1958 година кога биле лабораториски откриени кај мајмун, додека првиот случај на заразен човек со овој вирус е регистран во 1970 година во Демократската Република Конго.