СЗО: Во Африка може да има седумпати повеќе заразени со ковид

15

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на инфекции со ковид-19 во Африка би можел да биде седум пати поголем отколку што сугерираат официјалните податоци, додека смртните случаи од вирусот би можеле да бидат два до три пати поголеми, рече нејзиниот регионален шеф во четвртокот, пренесува Ројтерс.

„Свесни сме дека проблемите со нашите системи за надзор што ги имавме на континентот, на пример, со пристап до материјали за тестирање, доведоа до потценување на случаите“, рече д-р Матшидисо Моети на редовниот онлајн брифинг за медиумите.