СЗО ги поздрави резултатите од тестот на двете вакцини

6

=Светската здравствена организација ги поздрави резултатите од првичното тестирање на две експериментални вакцини против коронавирусот, но предупреди дека претстои долг пат до ефикасна вакцина. Директорот за вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан, оцени дека ова е „добра вест“, но дека сега е потребно да се „премине на посеопфатно тестирање во реалниот свет“. Научниците од универзитетот во Оксфорд објавија вчера дека првите тестови на нивната експериментална вакцина против коронавирусот покажале дека таа предизвикува заштитна реакција на имунолошкиот систем кај стотици луѓе кои ја примиле.

И кинеските истражувачи вчера ги објавија резултатите од испитувањето на нивната експериментална вакцина што исто така доведе до реакција на имунолошкиот систем. Кинескиот тим користеше слична техника како и научниците од Оксфорд. Рајан додаде дека во моментов се развиваат 23 експериментални вакцини.