СЗО инсистира да не се игра фудбал во наредните 18 месеци!?

СЗО ги разгледува сите можни сценарија, а ваквата долга суспензија на фудбалот би можела уште повеќе да втурне огромен број клубови во финансиска нестабилност.

24

Светската здравствена организација препорача УЕФА да ги откаже сите меѓународни фудбалски турнири до крајот на сезоната 2020/2021 година.

Како што пренесува „Ла Република” оваа препорака ја имаше на видео конференција во разговорите меѓу УЕФА и водечките европски клубови.

СЗО инсистира да не се игра фудбал во наредните 18 месеци, од страв дека ќе се прошири втор бран на коронавирусот.