СЗО: Прераното ублажување на мерките е рецепт за катастрофа

9

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди дека рестриктивните мерки не треба да се ублажуваат прерано.

Тој истакна дека тоа претставува „рецепт за катастрофа“, пренесе „ТАС“.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус на брифинг во Женева рекол дека доколку земјите се сериозни во поглед на ублажувањето на мерките, тогаш мораат да бидат сериозни и во поглед на сузбивањето на ширењето на заразата и чувањето на животните на луѓето.

Тој истакнал дека постигнувањето на овој баланс може да изгледа како невозможно, но дека не е. Такво нешто веќе се случило и треба да се случи, но само доколку земјите воспоставиле контрола над ширењето на заразата, напоменал генералниот директор на СЗО.

Тој додал дека што повеќе контрола земјите имаат над вирусот повеќе можат да ги ублажуваат рестрикциите и предупредил дека попуштањето на мерките без контрола над заразата е „рецепт за катастрофа“.