Силен земјотрес го погоди главниот град на Перу, луѓето панично на улица

5

Силен земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Лима и околните области на централното крајбрежје на Перу, а засега нема податоци за евентуални жртви и штети, објави Националниот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил во 21:54 часот по локално време со епицентар на 33 километри јужно од градот Мала на длабочина од 32 километри.

Голем дел од жителите на Лима излегоа на улиците поради силните потреси.

„Тоа беше многу силен удар, ја потресе целата куќа, моравме да излеземе“, изјави за Франс прес Јулија Лазаро Родригез (60).

Перу се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен каде се одвиваат најсилните сеизмички активности во светот, а во просек годишно има по 200 помали земјотреси.