Силен земјотрес го погоди Тајван

16

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри под океанот источно од градот Хуалиен на источниот брег од островот.

Во Тајпеј се тресеа деловните згради, се нишаа светилките, а од ѕидовите паѓале слики.

Американскиот институт соопшти дека економските загуби од земјотресот се очекува да бидат мали, иако тој бил силен.