Силна експлозија на пристаништето во Дубаи

4

Силна експлозија синоќа одекна на трговски брод во пристаниште во Дубаи. Експлозијата беше несреќен случај, соопштија властите во Обединети Арапски Емирати.

Експлозијата се случи во еден од контејнерите на бродот, каде имало запалива материја. Властите го оквалификуваа случајот како обична несреќа.

Пожар избувна на бродот во пристаништето Џебел Али, што веќе е под контрола. Екипажот на бродот е навремено евакуиран и нема повредени.

Силната експлозија се слушнала низ целиот град. Властите во ОАЕ не соопштија повеќе детали за бродот.

Експлозијата се случи кога бродот се подготвувал да се закотви во пристаниште.

Дубаи е трговски, деловен и туристички центар на Блиски Исток. Градското пристаниште е најголемиот центар за пренесување стока меѓу бродовите во регионот