Силно невреме во САД, петгодишно дете загина во Аризона

7

Силно невреме ги зафати САД, при што загинаа најмалку две лица, а предизвикани се и бројни сообраќајни пореметувања во воздушниот и патниот сообраќај. Меѓу загинатите е петгодишно дете во Аризона, кое загинало кога автомобилот во кој се наоѓало го однела бура, објави АП. Уште едно лице загина во невремето во јужна Дакота.

Поради невремето доцнат многу летови на двата главни аеродроми во Чикаго, а голем број се и откажани. На Меѓународниот аеродром во Денвер одложени се дури 182 лета.

И на автопатиштата снежната бура предизвика многу проблеми низ САД.