Силјановска Давкова: Со овие избори суверенитетот се враќа кај граѓаните, ќе решат за европска иднина на Македонија

6

Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето – изјави денеска откако гласаше во општина Центар , Гордана Силјановска Давкова – носител на листа во изборна единица 1.

Значи дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните.

Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија – додаде Силјановска Давкова .