Симптоми на зараза со делта-плус сојот на коронавирусот

388

Делта сојот, кој најпрво беше детектиран во Индија, е моментално доминантен во најголем дел од земјите низ светот. Како што поминува времето, лекарите се во можност да ги посочат најчестите симптоми на оваа варијанта, како и на поновата мутација делта-плус.

Мутациите често предизвикуваат потешки симптоми од оние кои беа препознавани во основниот сој на Сарс-ков-2, при крајот на 2019. Така, доколку тогаш најчести симптоми беа отежнато дишење, губење на чувствата за вкус и мирис, висока температура и слично, мутациите кои подоцна се појавија не секогаш ги следеа истите „шеми“ на развој на болеста.

Исто така, дел од заболените може да поминат со поблаки симптоми или тие целосно да изостанат. Сепак, делта-плус напаѓа побрзо и симптомите кои може да ги предизвика се или слични или поинтензивни од основниот делта сој.

Така, првичните симптоми кои засега се забележани се сувост на очите,чешање, отежнато дишење, треска и висока температура, силна кашлица, дигестивни проблеми, како и губење апетит. Овој сој и понатаму е предмет на истражување, по што би се знаеле и повеќе информации околу симптомите.

Она што треба да се нагласи е дека невакцинираните луѓе се изложени на поголем ризик да се заразат со овие соеви.