Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои Лигата на шампионите

11

Фудбалерите на Барселона успеаја да се пласираат во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако го совладаа Наполи на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Каталонскиот гигант во петок го чека дуелот против Баерн, и сосема е јасно дека ќе гледаме вистинско дерби. Пред заминувањето во Лисабон во центарот на вниманието се најде синот на тренерот на Барса, Кике Сетиен. Ларо замина на нивниот ранч, место каде што слободното време го минува неговиот татко.
Тој на „Инстаграм“ објави дека ги посетиле кравите и ги прашал дали Барселона ќе ја освои ЛШ.

„Тие знаат, ми кажаа дека ќе ја освоиме Лигата на шампиони“, порача синот на Сетиен.