Синот на Хју Хефнер го напушти Playboy и се приклучи на Американската авијација

5

28-годишниот Купер, син на Хју Хефнер, основач на Плејбој, неочекувано дал отказ и им се приклучил на американските воздухопловни сили.

Купер, кој е едно од четирите деца на славниот Хју Хефнер, низ чиј кревет минале неколку илјади зајачици, веќе отпатувал на обука во една од прекуокеанските американски бази.

Неговата втора сопруга , Скарлет Берн, која се прославила со улогата на магионичарката во серијалот за Хари Потер, на социјалните мрежи објавила фотографија од својот сакан како положува заклетва пред стапувањето во армијата. Интересно е дека своевремено и Скарлет Бирн се фотографирала разголена за Плејбој.

Купер Хефнер од 2016-та година бил на чело на Плејбој, едно од најпознатите светски списанија, а оставка поднел во април оваа година за да отвори сопствена медиумска компанија, во рамките на која се наоѓа и дигиталната платформа HuffPost, која требала да биде извор на информации за миленијалци.

Купер потврдил дека на бордот на директори на “Hefner Media Corporations” му ја соопштил одлуката дека се повлекува.

“Сакам да ве известам дека се повлекувам од компанијата и сакам да се фокусирам на започнување на нова кампања, чија цел ќе биде давање на услуга на заедницата и државата. Ја напуштам Америка и одам на основна обука во воздухопловните сили. Пред мене е нов пат”, навел Купер Хефнер.

Потсетуваме, Хју го добил Купер со втората сопруга Кимберли Конард. Родениот брат на Купер, Матрсон е писател. Откако и тој го напуштил Плејбој, повеќе никој од семејството Хефнер не учествува во правењето на славното списание. Купер почнал да работи за својот татко уште додека студирал.