Системот на арамбашите!

61

Истовремено не може да се зборува за проверка (ветинг) и бегање на арамбашите од правосудниот систем. Тие што зборуваат за проверка и ги толерираат овие бегања, се соучесници и немаат морално право да зборуваат за норми и стандарди во судството.

Емин АЗЕМИ

Како е можно судството во Македонија да биде толку „милостивo“ кога станува збор за различни претставници на македонската политика, бизнис, подземје и копно. Не остана арамбаша кој зборува македонски јазик без да не избега од овдешната правда, благодарение на „застарени случаи“, од Владо Бучковски до Никола Груевски.

Во Унгарија, Грција, Србија и во други држави се наоѓаат такви арамбаши барани со налози за апсење и никако да се изведат пред овдешните судови.

Овој правен систем, е толку порозен што би му се завидел за сличноста и швајцарското сирење. Меѓутоа, за разлика од швајцарското сирење, овдешниот правосуден систем не е само порозен, туку е и едностран, затоа што во Македонија, високите казни, преку монтирани процеси, се резервирани само за Албанците. Изненадувачки, овдешното судство се покажува ефикасно само во одредени случаи и овој е фундаментален проблем што го прави правосудниот систем без професионална етика и ниска доверба во очите на граѓаните.
Сега кога се подготвуваат моторите за да започне уште еден монотон изборен систем, што се очекува да се случи идната година, политичарите ќе се обидат да се фалат за големите достигнувања во одредени области, меѓутоа не ние јасно како ќе го објаснат фактот што во овие три години ниту еден политичар не е обвинет за сериозна криминална активност, не е затворена ниту една сериозна афера за корупција. Како е можно овие судски процеси се претворат во циркус, каде изостануваат обвинетите, додека обвинителите и судиите, наместо да си дадат оставки за нивната неспособност, повторно се кандидираат и се унапредуваат на различни позиции.

Истовремено не може се зборува и за проверка и за бегство на арамбашите од правосудниот систем. Тие што зборуваат за проверка и ги толерираат овие бегања, се соучесници и немаат морално право да зборуваат за норми и стандарди во судството.

Во Македонија, секој може да влезе во зандана, а не само во политичарите. Двајца поранешни премиери, Бучковски и Груевски одговорни за кривични дела, и десетици други кои уживаат привилегија за да бидат „недопирливи“, се школски примери што го илустрира неморалното правно училиште на Македонија. Во Македонија се казнуваат со затвор само оние што немаат пари да платат адвокат и да ги одложуваат парниците. Тука многу бргу се прогласуваш невин, дури и после злоупотребата на милиони евра, бидејќи правосудниот систем тука е изграден врз принципот на селектирање на вината, каде полошо поминува оној што е помалку виновен (!).

Затоа, се многу големи шансите да станете потенцијален криминалец, додека тие кои се трудат да живеат чесно и да заработат со пот, треба да ја платат сметката не казнување на криминалците. Никогаш не било потешко за нормалните луѓе и никогаш не било подобро за арамбашите!