„Си-Ен-Ен“: Над три милиони Американци со ковид-19 од почетокот на ноември

13

Бројот на инфекции со ковид-19 во САД, од почетокот на ноември, надмина три милиони лица, соопшти „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на податоци од Универзитетот „Џон Хопкинс”.

Според Универзитетот, само овој месец во САД се потврдени 3.002.082 милиони нови случаи на инфекција со вирусот. Ова е највисока месечна стапка од март досега. Претходниот врв беше регистриран во јули – 1.921.461милион случаи. Во август, во септември и во октомври со коронаворус беа заразени по повеќе од еден милион Американци.

Во САД досега се регистрирани вкупно над 12,16 милиони случаи на коронавирус, посочува Универзитетот од Балтимор, а починаа 256.347 лица. САД се рангирани на прво место во светот според двата индикатора.