Скандал во Хрватска: Криеле дека првородено дете годинава е Ромче

8

Откако медиумите објавија дека болницата во Чаковец, Хрватска, прикрила дека првородено дете оваа година било од ромска националност, пристигна извинување од директорот на болницата.

Директорот тврди дека станува збор за ненамерна грешка.

Директорот Томислав Новиншчак изјави дека се случила „грешка во комуникацијата“, по што од Округот дале погрешни информации за тоа за кое бебе се родило прво во 2020 година.

„Многу ми е жал, како директор, што се случи таква грешка… можам да преземам одговорност за сè, но не можам да се согласам дека се работи за дискриминација. Ние се грижиме за сите наши жители секој ден…Мислам дека е човечки да се прават грешки , нои и да се извиниме“, изјави директорот.

Тој рече дека разговарал со мајката на детето, (ова и е шесто) која, според негови зборови, разбрала дека се случуваат вакви работи.

Пратеникот на ромското национално малцинство во Хрватска, Бејко Кајтази, прв објави дека болницата во округот Чаковац, заедно со претставници на округот Меџумурје, ги прикрила фактите и ја измами јавноста за првороденото дете оваа година во тој округот.